Поразената претседателка не го дава твитерот

Иако изгуби уште во октомври и земјата има нов лидер, поранешената претседателка на Аргентина никако да се помири со фактот дека не е прв човек во земјата. Последниот бастион од кој не сака да се откаже е нејзиниот претседателски твитер акаунт.  

Перонистичката партија ги изгуби претседателските избори во октомври и нов претседател на земјата е Маурисио Макри, конзервативец близок со бизнис круговите.

Оттогаш, екс претседателката Кристина Фернандез де Киршнер се впушти во серија потези за подривање на вообичаеното  предавање на власта. Не му  дојде на инаугурацијата а сега и не сака да се откаже од нејзината претседателска твитер сметка.

@CasaRosada2003-20015 го бележи периодот кога таа беше прва дама на Аргентина како сопруга на покојниот Нестор Киршнер како и нејзините 8 години минати како главна личност во Каса Росада (аргентинската Бела куќа). Заради таквиот инает, Макри мораше да отвори нов твитер профил,  @CasaRosada, кој од Твитер бргу доби сино штиклирање, што им припаѓа на верификуваните акаунти.

И не само што не го дава акаунтот туку екс претседателката секојдневно го користи за да го хејта својот наследник со по дузина твитови, обвинувајќи го за неспособност, непотизам и слично.  

Профилот на Макри за само неколку часа од отворањето успеа да собере 100.000 следачи иако ќе му треба уште многу да го стигне бројот на следачи кој го има Фернандез.

26 декември 2015 - 16:25