Елем, кога некој маалски ќе го заломи среќа па ќе се наполни ко брод, останативе пробуваат да држат темпо со него и неговиот нов животен стил, да го стигнат копилето некако.
Со проверка на факти тоа го утврдила универзитетска студија нарачана од федералната банка во Филаделфија со наслов „Дали приходот на блиските предизвикува финансиски потреси: евиденција за победници на лото и непосредни соседи“.
„Колку поголема е добивката на соседот, толку повеќе банкроти има во домовите околу него“ заклучува студијата.
Таа открива дека блиски комшии на среќни добитници повеќе од другите се склони да влегуваат во шпекулативни инвестиции и да купуваат сомнителни акции, полесно се решаваат да позајмуваат пари а нив ги најмногу ги трошат на ствари „за курчење“. Преферираат да се подноват со работи кои се видливи. Купуваат нов автомобил, но не и нов мебел за дома.
Истражувањето било насочено кон релативно помалите лотариски победници, до 150.000 долари. Причина што ги елиминирале најмрсните добитници е што таквите главно се селат од маало па не му бодат очи секојдневно на комшилукот.
Уште еден детал: мал број од банкротираните комшии признаваат дека нивниот крах се должи на нивните рискантни финансиски потези. Едноставно сметаат дека - немале доволно среќа.
Што повторно нè враќа на познат терен: не е битно само ти да добиеш, битно е и ТОЈ да не добие.