Така е. Мајка и син од Детроит, трансџендери, наскоро ќе станат татко и ќерка.
Кори Мејсон има 15 години, роден како машко ама од пред четири години се почувствувал поинаку. А ќутел, не знаејќи дека иста битка бие и мајка му.
Таа па маж да испадне. И сега двајцата транзитираат накај спротивниот пол, согласно своите убедувања и идентификации.
Постарово лице (тоа засега уште не може да се смени) се вика Ерика, ќе се вика Ерик и молим лепо.
„Првото чувство ми беше олеснување, а второто беше хорор; како ќе изгледа мојата иднина, како ќе реагира семејството и децата“, објаснува Ерика/Ерик кој/а веќе минала две операции на вазектомија а планира и да остане во брак со сопругот Лес, кој ја одобрува трансформацијата.
Лес има ова да го каже:
„Јас се вљубив во личноста. Таа е прекрасна жена но прекрасна е и одвнатре. Сè додека Ерик е среќен со својот надворешен изглед, ние ќе бидеме среќни со тоа што го има во нејзиниот - или неговиот - мозок.
Да се живи и здрави. Ама двапати да утнеш во иста фамилија, некој во универзумов има заебана смисла за хумор.