"Започнавме да градиме кога дознавме дека големината на стамбените простори во САД се удвоила во последниве 40 години", велат Кристофер Смит и Мерет Милер на кои им биле потребни 10 месеци да изградат свој дом по своја мерка.
A мерката се неполни 12 квадратни метри во кои успеале да сместат дневна соба, кујна, купатило и доста удобно поткровје за спиење.
Смит и Милер не се осамени во ваквата желба. Во САД постои движење кое апелира да се престане со трошењето огромни ресурси за градење непотребно големи и луксузни стамбени простори. Постои и градежна компанија специјализирана за ваков тип објекти како и организација која ги артикулира ставовите на оние кои сакаат да ги зипуваат своите идеи за комфор.