1-ви април, завршна сметка

Главниот проблем со годинешниов 1-ви април е што се падна во недела, па најголемиот дел од брендовите не можеа да ќарат на масовна виралност на измамите што ги спремија. А не дека немаше.

Гугл годинава за 1-ви април се здружи со Наскар и објави дека го формира Гугл Рејсинг. Тимот на Гугл ќе се натпреварува со автомобил кој сам се вози а еден од ликовите во 1-во априлското видео е основачот на компанијата Сергеј Брин. Освен ова, Гугл ја објави и услугата Гугл Тап, која дозволува пишување мејлови со Морзеова азбука преку вашиот смартфон. Плус, Really Advanced Search .

За априлили ЈуТјуб ја понуди комлетната ЈуТјуб содржина на ДВД-а, која во основа е еден голем сеир за инфериорноста на сите претходни форми на чување видеа. Бонус, интерактивноста и контактот со авторот.

Скајп направи нешто слично, нудејќи Скајп на конец, за кој се потребни две чашки и конец со бендвит од 5 милиметри. Фликр, за еден ден им дозволи на сите корисници да ги вратат своите фотографии во времето.

LYNX (или AXE) создаде апликација која дозволува да прскате спреј за тело од вашиот смартфон.

Од не корпоративниот свет, фанови на Assassin's Creed ја најавија Kinect верзијата на играта.

 

2 април 2012 - 09:24