Има два различни, меѓутоа овој што го видовме пред некое време над Скопје се води како "влажен микропукот". Ова би требало да биде ретка појава, а се случува по следниот редослед:
- Невреме со грмотевици наидува на парче сув воздух кој впива одреден дел од влагата.
- Воздухот под облаците почнува да се лади, заради што станува погуст отколку воздухот околу него.
- Поладниот воздух почнува да паѓа во потопол воздух и потоа забрзува. Кога ќе ја "пуштиш чешмата" воздухот почнува да паѓа од небо со брзина која достигнува речиси 200 километри на час. Тој се одбива од тлото, и ги турка ветровите кон надвор, речиси со сила на торнадо.
Научниците прилично добро го имаат покриено проблемот на микропукот, и најавуваат дека овие појави само ќе продолжат да се интензивираат и дека веќе не може да очекуваме ова да биде ретка појава. Исто така "кај нив нема сомнеж дека со таложење на испарувања, атмосферата прави залиха на глобален арсенал од дождовни бомби."
За научниците нема некоја дилема зошто ова се случува:
- Човековата активност ја има зголемено количината на јаглерод-двооксид во воздухот за околу 40% во однос на пред-индустриското ниво.
- ЦО2 и останатите загадувачи задржуваат повеќе топлина во атмосферата.
- Потопла атмосфера задржува повеќе вода - околу 4% повеќе за секој Фаренхајт над просечната температура.
- Повеќе пареа и енергија во системот значи и поинтензивни бури. И многу, и многу, и многу вода.
Како изгледаше ова во Скопје:
Формирањето на микропукотот над Феникс: