Зошто луѓето се среќни што Џеј Зи не успеа

Не е само за Џеј Зи (неуспехот се однесува на извештаите за слабите резултати на Тајдл, неговиот сервис за стримување музика), "туку чудно е да го гледаш и Мајкл Џордан како го носи дресот број 45 и губи од Пени и Шекил," или Мајк Тајсон како завршува на патос во најдобрите години.

"Да гледаш како 'паѓаат' момците кои никогаш немале изгубено е непријатно отрезнувачки, и заради некоја причина, им дозволува на помалите луѓе да уживаат во туѓите неуспеси. Ова е причина зошто никогаш не престанавме да збориме дека Пакијао бил нокаутиран и ова е причината зошто толку многу луѓе навиваат тој да го нокаутира Флојд Мејведер (вториов никогаш не бил нокаутиран ниту поразен)," пишува Казим Фамујид во текстот за Сташд.

За да објасни дека ова не е прв неуспех на Џеј Зи, Фамујид потсетува на "Ether" и "Renegade", на албумот "Kingdom Come" кој по зборовите на Џеј Зи е најлош во неговата кариера, и на Теаира Мари ексклузивката што Џеј Зи ја потпиша во 2004-та на 17 години.

Шон Картер пред еден месец го купува Тајдл за 56 милиони долари. На лансирањето на сервисот се појавуваат и неговите партнери во целата работа: Канје Вест, Ријана, Мадона, Ники Минаж, Алиша Кијс, Дафт Панк и Бијонсе. Вредноста на Тајдл расте на 250 милиони долари.

Во моментот кога Тајдл се појавува на пазар тој ни на хартија не нуди ништо подобро отколку веќе етаблираната конкуренција, плус ја има една од најскапите претплати од околу 20 долари месечно (поскапо од Нетфликс, Хулу или Спотифај). Единствено плус на страната на Тајдл е што обезбедува пофер исплата на своите музичари. Проблемот е што сите музичари им се супер-ѕвезди, што предизвика контра-ефект "мултимилионерите плачат дека банкротирале."

Фамујид објаснува дека до сега магијата на Џеј Зи беше што тој "има пулс за културата и во изминатите 20 години Џеј Зи беше културата."

"Тајдл беше прв пат кога се покажа Џеј Зи да има изгубено осет и дека неговите поддржувачи и душмани уживаат во фактот дека сега е моментот човеков да се спушти на земја. Изгуглај 'Џеј Зи' во моментов и ќе треба да извртиш неколку страници пред да дојдеш до нешто и најмалку позитивно. Дури и објавата дека заедничкиот Џеј Зи / Бијонсе албум ќе биде Тајдл ексклузива беше дочекано со колективно 'мх' нешто што беше незамисливо пред само неколку месеци," пишува Фамујид.

25 април 2015 - 17:40