Џеј Зи ќе му дозволи на Самсунг на 4-ти јули да им подели 1 милиони бесплатни примероци на првите милион корисници на Galaxy S III, Galaxy S4 и Galaxy Note II. Ова е 72 часа пред официјалната промоција на албумот. Корисниците на Самсунг на 24-ти јуни ќе можат да симнат бесплата апликација за своите уреди, преку која поодцна ќе можат да го симнат и албумот.
Според Вол Стрит Журнал, договорот за ексклузивност го чинел Самсунг 20 милиони долари, а во сумата е влезена и цената по 5 долари за секој од 1-те милион примероци од албумот.
Magna Carta Holy Grail е прв албум на Џеј Зи по четири години, а на него тој работи со Фарел, Тимбаланд и Рик Рубин.