Шинед О'Конор и натаму е биполарна

Ирската пеачка и композиторка ја откажа планираната турнеја низ Северна Америка објаснувајќи им на своите фанови дека сè уште не е арна.

Шинед О'Конор ја закажала турнејата наспроти советите од нејзините лекари дека нема да биде способна да го издржи тој товар, но во последен момент сфатила дека се во право затоа што не е целосно закрепната од биполарното пореметување од кое страда последниов период.

Во соопштението жали за ваквата одлука и ги потсетува фановите колку страдала во периодот меѓу декември и март кога доживеа потполн слом на нервите.

Во тој период објави дека го раскинува бракот само по 16 дена од неговото склопување за набргу да соопшти дека врската е во ред и тера понатаму.

Ќелавата пеачка стана позната во 1990-та година со песната на Принс, Nothing Compares 2 U.

Биполарното, односно манијакално-депресивно пореметување се карактеризира со брзи, ненадејни и драстични промени во расположението во кое постојано се ротираат депресивни и еуфорични периоди.

 

 

24 април 2012 - 21:54