Во тестаментот на Јауч, кој неделава беше доставен до Врховниот суд во Менхетен, стои дека "неговата слика, музика и која било друга уметност што тој ја креирал, нема да може да биде искористена во адвертајзинг."
Ова значи дека ниту една песна на ЕмСиЕј нема да заврши на реклама за автомобил, неговиот лик на некој хипстерски бренд на маички или неговиот потпис на некои слушалици.
Освен тоа, тој основал фонд од 6,4 милиони долари за сопруга и нивната 13-годишна ќерка, а сопругата е и единствена која е овластена да ги продава и менаџира неговите дела.
Сега за сега уште не е јасно како тестаментот на Јауч ќе функционира за песните на Бисти Бојс кои се дело на заедничка соработка на сите членови.