Најдобро дизајнираните весници на светот

Тоа што весниците на големо пропаѓаат, никако не значи дека нема луѓе кои и понатаму се трудат да ги направат нив убави и информативни. Годинава, Друштвото за дизајн на вести избра 5 весници од 4 различни држави за Најдобро дизајнираните весници во светот.

Победници за 2013-та се:

Dagens Nyheter (Шведска)

Die Zeit (Германија)

The Grid (Канада)

Politiken (Данска)

Welt am Sonntag (Германија)

Како што објаснуваат организаторите, овие весници се разликуваат по "културата на внимателно уредување на целата содржина која на прво место го става читателот - преку строго внимание на детали."

Годинава меѓу победниците нема ниту еден весник од САД:

"Обесхрабрувачки е да се види дека толку многу американски весници кои, по децении дебати и образование, се уште обраќаат малку внимание на внатрешните страни. Публикациите кои трошат огромно време на перфекционирање на своите насловни страни, а внатрешните страни ги третираат како садови кои треба да се наполнат со конфекциски вести се додека не се наполни до врвот, ја губат поентата и шансата да бидат релевантни."

Друштвото за дизајн на вести (Society for News Design) е светска организација која 35 години е посветена на "подобрување на комуникацијата низ светот преку усовршување во визуелниот дизајн."

Од друштвото посебна пофалба за иновативност добија весниците од новиот микро формат (Diario DF од Мексико) и користењето на аугментирана реалност за подобрување на печатените изданија (Reporte Indigo исто така од Мексико). Тие ги пофалија азиските весници дека почнуваат да учат од западните методи на дизајн, како и весниците од Латинска Америка кои се "полни со енергија, меѓутоа им недостасува фокус."

Победниците:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

23 февруари 2013 - 15:12