Поранешниот претседател за глобални вести и забава, Џеси Анџело, за една година (крај на мај 2022 - почеток на мај 2023) наплатил 815.254 долари од Вајс. Друг менаџер, Кори Хаик, наплатил 726 илјади долари, Дејзи-Огер Домингез, директорката на кадрово била со плата од речиси 750.000 долари, а Субрата Де, заменик претседателката за вести, наплатила 779.000 долари.
Освен редовните плати менаџерите на Вајс земаат и бонуси во ранг од 50 до 150 илјади долари. Пример, Домингез добила дополнително 99.000 долари откако ги отпушти вработените во првиот бран.
Овие исплати се случуваат и траат дури и кога Вајс објавува мерки за штедење кои главно подразбираа отпуштање на десетици новинари и вработени со најниски плати.
Меѓу ставките во документите на Вајс се и сметки од вечери од 6.000 долари во време кога на директорите им е јасно дека ќе мора да се отпуштаат луѓе, како и неплатена фактура од 100.000 долари на компанија за одржување градини од Бруклин.
Процените на синдикатот на Вајс се дека преку лошо менаџирање и корпоративна алчност, за една деценија од компанијата се исчезнати фондови за финансирање од 1,6 милијарди долари.