Кина ги забрани "Ѕвездичките"

За да го сопре бескрупулозното медиумско производство на детски ѕвезди, кинескиот меиумски регулатор забрани користење деца на познати фаци во популарните реални шоуа  И после пак комунистите не чинеле.

"Реалните шоуа мораат да се фокусираат на јакнење на заштитата на децата а не да бидат разметливи паради на слава и богатство ", напиша државната агенција за медиумска регулација.

Со нејзината последна одлука се забранува користење деца на познати личности во контактни емисии и реални шоуа. А последниве и таму се многу популарни, особено оние во кои славни родители со своите најчесто предотерани и извештачени деца некаде одат и заедно исполнуваат некакви задачи. Едно од најпопуларните од тој жанр се вика "Тато, каде одиме?" во кое славни татковци и нивните синови или ќерки кампуваат во дивина.

Материјализмот, конзумеризмот и обожувањето на медиусмкит еѕвезди е во спротивност со посакуваниот профил на граѓанин на кинеското општество. 

Еве што е популарно во Јужна Кореја:

21 април 2016 - 10:56