Идејата за филмот потекнува од 1969-та, кога Маршал ја посетува Хедрен во Африка каде таа го снима филмот Satan's Harvest. Додека се таму одат во посета на неколку азили за диви животни, меѓу кои и напуштениот дом на надзорник на еден парк во Мозамбик што е преплавен со лавови и претворен во нивно дувло.
Маршал е сценарист, режисер и во филмот го глуми ликот на заштитник на дивите животни кој живее меѓу лавови. Хедрен му е сопругата, со која во филмот имаат три деца кои ги глумат - Мелани Грифит, Џери Маршал и Џон Маршал. На почеток планирано е филмот да се снима околу 6 месеци, за на крај целата работа да се одолжи на 5 години.
Во снимањето на филмот ниту на, ниту зад камера, не е повредено ниту едно животно (во ова не влегуваат меѓусебните пресметки на животните), меѓутоа од животните настрадаа околу 70 луѓе.
Меѓу повредените се:
- Хедрен која завршува со скршена нога заради пад од слон.
- Мелани Грифит е нападната од лав, по што треба да и стават 100 конци и прават реконструктивна операција на лицето.
- Во друг инцидент лав ја гризнува Грифит за врат за што требаат 38 конци (ова е и дел од филмот).
- Ноел е повеќе пати нападнат од различни животни, заради што добива и гангрена.
- Џери, братот на Ноел, е гризнат за стапало.
- Џон Маршал е гризнат од еден од лавовите по што му ставаат 56 конци.
- Помошник режисерот, Дорон Купер, завршува со отворено грло, гриз за вилицата и за малку откинато уво, а исто така има и повреда на главата, градите и препоните.
- Снимателот Јан де Бонт е скалпиран од еден лав, и завршува со 220 конци на главата.
"Промовиран како 'дивјачка комедија' слоганот сега изгледа како ретроактивна одлука да се маскира драмата што Маршал се обиде и не успеа да ја направи. Во секоја сцена има опипливо чувство дека екипата се обидува да биде опуштена додека ги минува репликите, поткопана од фактот дека во секој момент пред нив се случува вистинско распарчување," Објаснува Чарли Шмидлин во текстот за Креаторс Проект.