Обвинителството ја отфрли како неоснована тужбата на свештеникот домаќин на црквата Свети Јосиф во холандскиот град Тилбург кој се надеваше дека државата ќе ги казни двајцата порно работници кои снимале порнич во кабината за исповедање.
Органите соопштија дека им е јасно дека делото а навредливо и покажува непочитување но дека после детално промислување на случајот заклучиле дека всушност не постои правна основа по кои би се гонеле професионалните љубовџии.
На црковните лица сега им останува да подигнат приватна тужба против нив за неовластено узурпирање на нивниот простор. Но, дури и таквата лајт тужба ќе биде тешко да се избутка.
„Според правната поука од надлежните, испаѓа дека на влезот на црквата треба да ставиме знак за забрана на влегување како би можеле евентуално да ги тужиме оние кои ќе ја повредат светоста на тоа место. А малку е чудно на влез во црква да стои знак „Забранет влез“, вели домаќинот на црквата.
Инаку, порничот снимен на негов терен беше објавен на сајтoт на холандската порно дејка Ким Холанд а во него има сцени и од шопинг мол, паркинг и ескалатор.
Џабе ќе го барате, Ким подоцна го симна од интернет и ѝ се извини на црквата а од филмчето се преживеани само овие сцени. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: нема секс!