Моделот што му го избраа на Бонд за Спектр е Астон Мартин ДБ10, спортско купе на ниво и класа на сите досегашни автомобили на 007. За потребите на снимањето продукцијата доби 10 вакви автомобили, од нив седум ДБ10 се тотално уништени, правејќи штета од околу 37 милиони долари.
"На Спектр поставивме рекорд за уништување на автомобили. Во Рим уништивме милиони долари. Влегуваа во Ватикан со брзини од 180 км/ч. Цела ноќ снимавме за 4 секунди филм," објаснува координатор за каскадери на филмот, Гери Пауел.
Минувањето низ Ватикан, и 4-те секунди што ги збори Пауел се дел од брканицата меѓу Даниел Крег и Дејв Баутиста, која минува низ Колосеумот, покрај Тибер и во Ватикан. Бонд го вози Астон Мартинот, додека г-дин Хинкс е во Јагуар Ц-Икс75.
Премиерата на Спектр е на 6-ти ноември.