4-ти мај, четврток, Чувари на Галаксијата 2 во Синеплекс

На 4 мај во киното Cinplexx ќе биде премиерата на вториот дел на „Чуварите на Галаксијата„ на чии визуелни ефекти работеше и македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х.

Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект работеле вкупно 68 артисти од ноември минатата година до февруари 2017.

„Овој проект го работевме во соработка со Метод студиос и на филмот беа изработени околу 60 кадри и како фанови на серијалот со нетрпение очекуваме да го видиме конечниот резултат. Од она што може да се види низ медиумите и форумите за филмот, не очекува забава која е типична за Марвел, и чисто како тривија за фановите ова е петнаесеттиот Марвелов филм досега, а како и во претходниот дел, музиката, која во првиот дел беше прекрасно изненадување, ни во овој дел нема да не остави рамнодушни. За визуелните ефекти оставам да погледнете и да оцените сами„ изјави Даниловски.

Филмот е во режија на Џејмс Ган со спектакуларната актерска екипа составена од Крис Прат, Зое Салдана, Дејв Батиста, Бредли Купер, Карен Гилан, Пом Клементиеф, Елизабет Дебитски, Крис Саливан, Шон Ган, Силвестер Сталоне и Курт Расел. Чуварите мора да се борат за да го одржат своето новостекнато семејство додека Питер Куил го открива своето потекло, притоа старите непријатели стануваат сојузници, а милениците на фановите од популарниот стрип се одзиваат на повикот за помош како што Марвеловиот филмски универзум продолжува да се шири.

(комерцијален текст)

3 мај 2017 - 11:58