Убиствo само(што е)убиство

На вечера за доделување годишни награди за форензизки науки, претседателот на Асоцијацијата на форензичари со својата публика споделува фасцинантни правни пресврти околу една бизарна смрт. Еве ја приказната:

На 23 март 1994 година, лекар го прегледал телото на Роналд Опус и заклучил дека тој починал од рани на главата од сачмарка.

Опус скокнал од врвот на десеткатна зграда со намера да се самоубие. Оставил и белешка дека се решил на таков чекор заради безнадежен очај.

Кога паѓал покрај деветтиот кат, неговиот живот бил прекинат од истрел на сачмарка што минал низ прозорец од тој кат.

Опус не знаел дека веднаш подолу, на осмиот кат е поставена заштитна мрежа за некои градежни работници и дека не би можел да го заврши своето самоубиство како што планирал.

„Вообичаено“, продолжил д-р Дон Харпер Милс, „лицето кое тргнува да изврши самоубиство и на крајот успева, иако не по механизмот кој го планирал, сепак се дефинира како самоубиство“.

Во собата на деветтиот кат, од каде што дошол смртоносниот истрел живееле постар маж и неговата сопруга. Тие често жестоко се расправале, а тој често ѝ се заканувал со сачмарка. Кога го повлекол чкрапалото, целосно ја промашил сопругата, сачмите минале низ прозорецот и го усмртиле Опус.

Кога некој има намера да убие субјект А, но во тој обид убива субјект Б, виновен е за убиството на субјектот Б.

Кога се соочиле со обвинението за убиство, и старецот и неговата сопруга биле непопустливи. И двајцата рекле дека мислеле дека пушката била празна. Старецот рекол дека со години ѝ се заканувал на сопругата со празна пушка. Немал намера да ја убие а оружјето било случајно полно. 

Дополнителна истрага открива сведок кој го видел синот на старата двојка како ја полни пушката околу месец ипол пред фаталната несреќа. Се покажало дека старата му ја прекинала финансиската поддршка на синот па тој, знаејќи ја склоноста на неговиот татко да се заканува со пушка, ја наполнил очекувајќи таа да пукне кон мајка му.

Случајот сега станува случај за убиство на Роналд Опус од страна на синот.

Дури сега доаѓа вистинскиот пресврт.

Синот всушност е Роналд Опус. Тој станувал сè поочаен што не му успева планот за случајно убиство на мајка му. После месец ипол, тоа го навело да скокне од десеткатницата, за попат да биде убиен од сачмарката која ја наполнил за мајка му. 

После неколку обрти, се заклучило дека сепак се работи за самоубиство. Случајот така и е затворен.

* урбана легенда

19 март 2023 - 11:35