Боље пити пијан него Ол стар

Срби афтер ворк: Од расол до Гасол

Не го гледав доделувањето на медалите, туку (будала) отидов на Твитер за да пробам да разберам што се случувало после натпреварот и го заклучив следново: Доделувањето на медалите доцнеше затоа што организаторите се обидуваа да ги најдат српските кошаркари по Париз. На крајот ги најдоа на скара „Код Миќе Лепог“ во 18-от арондисман (или како што би се рекло кај нас, „бецирк“).

На молбите и објаснувањата на луѓето од организацијата дека просто мораат да се појават на доделувањето на медалите и одговорот „А што па нè заболе патка за вашите педерски медали“, конечно успеале да ги убедат, под услов Жан Жак Фурние (главниот организатор на финалното доделување на медалите) пред американската национална химна да ја отпее „Птицо моја бели лабуде“ од Недељко Бајиќ Баја.

Жан-Жак за нашите медиуми кажа дека не било лесно, но дека успеал и додава дека еден од најголемите успеси е што ги убедил дека хармоникашот не може да освои медал и дека газдата на „Код Миќе Лепог“ не може да организира доделување медали, и дека утре не можат да го играат и ватерполо мечот, односно дека вечерва за нив завршиле Олимписките игри.

Во меѓувреме, Богдан побарал знаме од келнерот, а Јокиќ од претседателот на ФИБА, кој отишол да го праша нешто, побарал „полнета груманска“.

Алекса Аврамовиќ ги изгушка сите присутни во салата, Јокиќ го праша Леброн „тепавте ли?“, Богдан побара од првиот човек на Олимпискиот комитет веднаш да се продолжи за Лос Анџелес и следните Олимписки игри да започнат од понеделник, а Добриќ побара да се воведе нова категорија за „МВП со најмногу промили алкохол во крвта“ бидејќи Јокиќ веќе е прв по поени, скокови, асистенции и украдени топки.

Во меѓувреме, Гудуриќ му објаснува на Аврамовиќ зошто „ракијата не е Google translate“ и да не се труди со сите во салата да зборува на нивниот мајчин јазик.

За тоа време, економот на репрезентацијата му објаснува на Жан Жак што е расол и зошто му треба, а тој за тоа време им објаснува на американските и француските кошаркари дека бронзата не е „главниот медал“ и се обидува да ги орасположи.

Во исто време, Кевин Дурент дрнда на мобилниот и на Твитер се расправа со луѓе од Денвер и Колорадо кои му пишуваат дека никогаш нема да биде подобар од Јокиќ додека не научи да ја пее „Волимо те отаџбино наша". Маринковиќ му нуди на Леброн петсто евра за да му го продаде МВП трофејот со образложение „Ми треба за брат ми Никола, што те боли тебе, и ти си го купил“.

За тоа време, Пешиќ на некој романски новинар му објаснува дека тие не барале да бидат небески народ туку дека тој функцијата селектор ја обавува со божја промисла „многу одговорно“ и продолжува да му ги објаснува нијансите на подготовката на јагнешко месо на ражен во Пирот во споредба со Параќин.

На два метра од него, помошникот тренер за тамошните медиуми објаснува дека негов најголем професионален успех во животот е што воопшто ги донел на доделувањето на медалите. Зад нив, Милутинов се обидува да го убеди Аврамовиќ да престане да го гушка Гасол бидејќи човекот мора да си оди дома.

Главно, Олимпискиот комитет врз основа на горкото искуство од оваа Олимпијада заклучи дека мечот за бронзениот медал никогаш повеќе нема да се игра во раните утрински часови.

Толку за сега, ќе се јавиме со допочнителни детали пред натпреварот на ватерполистите.

*****************

Продолжеток и крај:

Хотелот во кој се сместени нашите репрезентативци од сабајлево е во вонредна состојба; шефот на салата пак им врти на овие од ФИБА и им вика дека сите прашуваат каде е Гасол а позади него некој дофрла „Не е Гасол туку е расол, ти ебам тоа глувиот“;

За тоа време, Пешиќ се распрашува каде во околина има дуќан со домашни миленици зашто во месара не нашол цело јагне, се изнервира и се дере: „Доста е и со вас и со Франција, пакујте куфери, одиме на авион“; помошникот тренер му објаснува дека не можат да тргнат бидејќи не сите се стигнати во хотелот.

Давидовац се фрла во Сена со баскет и се дере: „Уште само десет секунди, шутира Јакшииииќ и гооооол!“, констатираат дека и овие што дошле синоќа во хотелот отишле со навивачите да гледаат ватерполо, директорот на нашиот олимписки комитете вришти: „Свевиебам, враќај ги назад, имаме авион за Белград за два саата!“

Сред цела фрка, во ресторанот влегува Јокиќ и прашува „А кога ќе се делат медали?“

Заклучок:

Новото мото на нашите кошаркари е „боље пити пијан него ол стар.“ Фразата пијан за медал конечно има смисла.

Арсен Чаркиќ

***************

***********

***********

***********

 

11 август 2024 - 18:29