Овој занимлив документ деновиве на Фејсбук го објави режисерката Саша Броз, внука на Тито.
Испратено од Џон Ленон (нормално, и Јоко Оно потпишана, да не остане покусо) со придружна кутија во која се наоѓале две „живи скулптури“, односно желади од даб и мировна порака со надеж дека Тито ќе ги посади дабовите во својот двор.
Со истата порака и желба, Ленон тоа го има испратено до 50 светски државници.
Не е познато како имаат завршено желадите на Ленон.