Не знам за ништо подобро од „Апасионата“ (Бетовеновата пијано соната бр. 23), можам да ја слушам секој ден. Каква вчудоневидувачка, натчовечка музика! Секогаш ме прави горд, веројатно со детска наивност, да мислам дека луѓето можат да изведат вакви чуда!
Но не можам да слушам музика многу често, ми влијае на нервите. Сакам да кажувам слатки, глупави нешта, и да им ги милувам малите глави на луѓето кои, живеејќи во гнасен пекол, можат да создадат таква убавина.
Деновиве не можам да милувам никого, затоа што раката може да ми биде одгризана. Наместо тоа, луѓето треба да бидат удирани по глава, но безмилосно, иако во принцип ние сме против било какво насилство. Хм - колку ѓаволски тешка работа!
Владимир Илич Ленин