Не тепајте ги децата, животот ќе ги тепа

Една убава животна лекција од Душан Прелевиќ Преле, покојниот белградски рокер и блузер со недошмирглан глас, боем, алкос но и татко. Ако раката тргне кон малото суштество, сетете се што сè го чека во животот. 

Еднаш ќерка ми искрши некоја стакларија по дома и тргнувам со рака да ја плеснам по газето.

Во тој момент ми текнува дека неа во заседа ја чека овој живот што е џукела, дека во школо ќе мора да пресметува како Ајнштајн, дека подоцна во животот маж ѝ ќе бега во кафана, дека ќе има битки со нејзините деца, моите внуци, дека во животот ја чекаат секакви срања и удари, удари, удари.

Се откажувам и ја погалувам по косата. Таа се смешка, мислејќи дека ме исфолирала.

Ако.

Душан Прелевиќ Преле

п.с. Малата се вика Дина Прелевиќ, денес има 43 години, актерка е и балерина. Едно време живееше со Франо Ласиќ. Долго време се бореше со зависности од дроги но ги доби тие битки. И има мала ќеркичка.

**************

Види и:

Љубовните битки на Преле

 

 

11 септември 2024 - 11:32