Уа шепкачи

Да бидеме искрени, првпат слушаме за оваа ајфон апликација. А има далеку повеќе посети од CNN.

Whisper е мобилна апликација која месечно забележува 2,5 милијарди посети, далеку повеќе од сите интернет верзии на CNN заедно.

Анонимна е, лапни голтни и ја обожаваат младите. Служи за исполнување на древната човечка потреба - да се олесни душата и да се каже тајна.

Секој анонимно може да испрати макро (текст врз слика, како оние Семе синапово) и да ја сподели со останатите. Кога се отвора апликацијата, се добиваат шест "шепкања". На некоја од нив можете да одговорите јавно или приватно на авторот. Но, никоја нема јавен идентитет, не постои друг начин за контакт освен преку пораките кои се постираат.

Претходно, пишувавме за една интересна аналогна верзија на "шепни, ич да не ти чуе". Овде

20 август 2013 - 14:52