Се бара жена со струк А4

За да ги направат љубоморни своите западни посесетрими кои се утепаа од јадење здрава храна што не дебелее, Кинески започнаа да е сликаат со парче хартија пред себе. И тоа стана вирално и сега, ако сте од женски род (или се чувствувате така), барајте лист А4. 

Последната епизода од вечната женска потрага по "идеално тело" спонтано ја покренаа девојки од Кина на кои некако им текна да објавуваат свои фотки со лист хартија пред стомак.

Предизвикот е јасен: дали хартијата (ширина на А4 е 21 сантиметар) може да го прекрие струкот што стана најновата мерка за згодноќа. И, како што е тоа случај со интернет трендовите и мемињата, што е нешто поглупо, тоа полесно "се фаќа".

Во продолжение неколку фотки како тоа треба да изгледа и пар заебанции на таа тема.Совет: ако сте од прва далеку од идеалот, па вие проверете си го струкот на легната хартија. Ако и така прелева, апнете си некое благце, една е душа. 

 

 

****************************

18 март 2016 - 10:48