Во неколку градови во Кина откриен е ланец на мали ресторани кои којзнае колку долго време во своите менија нуделе лажно телешко месо. Досетливите и лакоми продавачи откриле ефикасен начин како свинското (поефтино) месо да го претворат во (поскапото) телешко. На свинското му додаваат специјален адитив и после 90 минутно маринирање добиваат - и по изглед и по вкус - оригинал телешко.