Неделна анти-вирална доза

Секоја недела глобалната интернет заедница колективно се возбудува околу некои приказни за кои по некое време се открива дека се лажни. Еве што се случуваше последната седмица.

Приказна број 1:


Прилично силно одекна една фотографија од мало дете кое службеници на ООН го нашле како со ќеса в рака, само ја минува пустината, бегајќи од Сирија. 

Водителка на CNN го обезбеди контекстот со овој твит.

UN staff found 4 year-old Marwan crossing desert alone after being separated from family fleeing #Syria. pic.twitter.com/YdCt7gZrcN

— Hala Gorani (@HalaGorani) February 17, 2014

Подоцна се откри дека детето не ја минувало само пустината туку дека било дел од бегалска колона.

Горниот твит беше ретвитуван 10.000 пати.

Приказна број 2

Путин и Медведев не беа до толку тажни по поразот на руските хокеари од Финците.

Всушност, оваа фотографија е снимена три дена пред натпреварот а на самиот ден, Путин бил во Москва, а Медведев дури 6.500 километри подалеку од Сочи.

Путин беше мета и на една зезалица на "Извештајот на Боровиц" кој наведуваше дека хотелските соби во Сочи се украсени со постери од полуголиот Путин.

Приказна број 3.

Немаше волк кој шеташе по олимписките апартмани.

Американската олимпијка во санкање Кејт Хансен постираше видео  од својот апартман во кое се гледа како волк шета по ходниците.

Видеото достигна пет милиони гледања. Приказната ја пренесуваат и сериозни извори како Вол Стрит Журнал и NBC. Подоцна се открива дека зезалицата е смислена од комичарот Џими Кимел.

24 февруари 2014 - 16:09