Вработениот мисли "не сум јас доволно платен да се замарам со секакви идиоти" (погрешно, пошто ако е така, фер е или да бараш повишица или да смениш работа).
Муштеријата е убеден дека "муштеријата секогаш е во право" (погрешно затоа што не е секогаш во право; на пример, ако не ти работи копчето Z на тастатурата, за тоа не ти е крив интернет провајдерот на кој му вртиш).
Дека може и поинаку, ќе видите во следната Стар Трек комуникација. Нетфликс ја потврди автентичноста на разговорот.