
Портланд, Орегон е познат по производството и по консумирањето локални пива. Но Oregon Public House се разликува од другите пабови во градот затоа што тој ќе биде првиот кој од тоа нема да прави профит.
Неколку пријатели, сакајќи да направат нешто добро за заедницата во време на економска криза. се сетиле на основниот тренд во такви времиња: луѓето ги намалуваат нивните хуманитарни донации, но истовремено повеќе трошат на пиење. Наоѓањето „среден пат" меѓу овие две реалности е решението кое ќе ги направи среќни сите, и оние кои јадат и пијат, и оние за кои притоа ќе се генерира приход. За оние муштерии кои ќе сакаат да донираат поголеми суми ќе има и посебен третман: 1. ниво - добиваш пиво дневно цел живот, и 2. добиваш пиво неделно цел живот. Обете понуди одат со персонализирана чаша со твоето име на неа, кое виси на ѕидот зад шанкот.
Во моментов се уредува просторот каде ќе биде сместен пабот (голема зграда од 1909 каде освен кафана ќе има и игротека за деца и простор за спортски и други активности), и се регрутираат волонтери кои би работеле како келнери или помошници, иако во пабот ќе има и професионално ангажирани готвачи и друг персонал. Предноста е што тој ќе произведува свое пиво, па неговата цена ќе може да биде пониска од вообичаената, и целиот приход од него да оди за добротворни цели. За сите детали погледнето го видеово, и да размислиме - можеби се прави ова и од Наџак?