
Една од најпознатите фотографии на сите времиња, "Денот на победата над Јапонија", подоцна преименувана во "Бакнеж на Тајмс сквер" е снимена на 14-ти август 1945-та година, денот на јапоснаката капитулација и дефинитивното завршување на Втората Светска Војна.
Фотографот Алфред Ајзенштад чкрапнува кога млад морнар бакнува медицинска сестра.
Протагонистите не само што не биле во романтична врска туку не се ни познавале.
Пијаниот морнар ја славел капитулацијата, минувал на плоштадот, ја згдогледал младата Грета, ја зграбил и ја пољубил.
- Не го ни видов кога ми пријде и пред да ми стане јасно што се случува се најдов во неговата цврста прегратка. Тој ме љубеше мене, а не јас него, сведочи денес Грета.
Нејзината приказна ја потврди и самиот фотограф обелоденувајќи дека еуфоричниот морнар тој ден љубел кој ќе му падне под рака.