10. Bugatti Veyron
18 долари за една милја
Ова е автомобил чија редовна замена на гуми и бандажи на секои 10.000 милји чини 50.000 долари и за кој месечната рата за осигурување е 2.500 долари.
9. Queen Mary 2
245 долари за една милја
Бродот троши околу 3 тони нафта на час која чини 650 долари од тон и дополнителни 6 тони поморска нафта на час, кој чини 900 долари од тон.
8.Air Force One
306 долари за една милја
Цената за управување на Ер Форс Уан е околу 180.000 долари од час. Лет од ЛА до Њујорк, просечно трае 4 часа и 47 минути. Оддалеченоста на двата аеродроми е 2.806 милји.
4,783 х 180.000 = 860.940 (првата бројка е времето)
860.940 / 2806 = 306,77
= 306 долари.
На ова треба да се додаде и сумата за воздушната придружба на авионот. Во просек, како целина оваа услуга годишно чини меѓу 1,4 и 1,8 милијарди долари.
7. Space Shuttle
390 долари за една милја
Целата програма чинеше околу 200 милијарди долари, а беа поминати вкупно 500 милиони милји. Ова значи дека потрошувачката по милја е 390 долари.
6. Меѓународната вселенска станица
484 долари за една милја
Годишниот буџет за станицата беше 72,4 милијарди долари. Таа во 2010-та мина 17.100 милји на час, со вкупно 8.736 часа годишно. Кога се ќе се подели и помножи се добива сумата од 484 долари за милја.
5. НАСА пренесувачот на ракети
502 долари за една милја
Има два вакви пренесувачи кои минале 3.400 милји (само уште не се знае дали километражата е за двата заедно или за секој посебно). Во случај ова да е заедничката километража, тогаш секој од нив има минато по 1.700 милји за време на нивната 47-годишна историја, или 36 милји годишно.
Ако се земе дека годишниот трошок за гориво е околу 18.000 долари, и ова се подели со 36 милји, потрошувачката е 502 долари за една милја.
4. Ракетата Saturn V
2.400 долари за една милја
3. Носачот на авиони Нимиц
3.407 долари за една милја
Годишните трошоци за носачот на авиони се околу 458 милиони долари, а во овој период минува околу 143.400 милји, со што цената е некаде околу 3.407 долари за милја.
2. Американски драгстери
21.120 долари за една милја
Патеката е за тркање е 1.000 стапки (една милја = 5.280 стапки). Една трка чини 4.000 долари. 5,28 х 4.000 = 21.120.
1. Аполо месечевиот ровер
5,9 милијарди долари за една милја
Аполо роверот мина вкупно 18 милји. Ако се земе во предвид дека неговата изработка чинеше 12,7 милиони долари, а транспортот до месечината 17,2 милијарди долари по вредност од 1969-та, излегува дека една милја со него чинела 5,9 милијарди долари по вредност од 2013-та.