Велат дека капитализмот и благосостојбата ги има пасивиризано луѓето, дека денешниот граѓанин е во неповратно улулкан во конзумеризам и апатија. А не е баша така. Има и денес луѓe кои се поинакви. Дај им некоја норма, ќе ја скршат, спремни бескомпромисно да јуришаат против установениот поредок на правилата кои ги гушат. Е, во чест на таквите бунтовници.