Секој што добацил барем до Истанбул ако не и понатаму на исток, знае дека ценкањето таму ќе ви заврши со огромна радост и гордост на себе каква тоа цена сте успеале да исценкате, сè додека на првиот ќош, за истата работа не ви биде понудена штотуку исценканата цена како - почетна. Безброј финти имаат тие - мама си тракале - трговци.