„Ресторан на згрешени нарачки“ е името на овој поп-ап ресторан во Јапонија во кој 37% од нарачките се утнати затоа што целиот келнерски персонал го сочинуваат луѓе со деменција. Иако го добиваат она што го нарачале само во 63% од случаите, 99% од посетителите заминуваат среќни од ресторанот. Така де, големо чудо ако ти донеле ориз наместо нудли. А старине - срцки.