Репрезентативно парче добра британска сатира за актуелното време што го живееме во кое се накотија снегулки кои од сенешто се наоѓаат навредени. Ко некој со раѓање да им го гарантирал правото дека никогаш нема да им се случи тоа. Бељата допрва започнува откако ќе фатиш да им се извинуваш, на едни, на втори, на трети.... сè додека не дојде време паметните скроз да замолчат, за глупите да не се осеќаат навредени.