Никој не очекува 34-годишната Бри Ларсон на црвениот килим на Златните глобуси да се расплаче за децата од Појасот Газа или војниците на украинскиот фронт, ама па до толку да се раскравиш затоа што покрај тебе ќе помине Џенифер Лопез?? „Ќе се расплачам. Не можам да се справам со Џеј Ло!“, крикна Бри по што следуваше стандардното „Ти мене војвотке, јас тебе сердарке“. Овие од Холивуд џабе одат по психијатри.