Како Мегин ја виде Меган

Не го, и нема да го гледаме интервјуто на Хари и Меган за Опра ама дали војвотката стварно се споредила со Малата Сирена и дали стварно принцот се пожалил дека го оставиле без пари па останал само со наследството од мајка му, а тоа се некои 15-16 милиони долари?

Нам како на тврдокорни републиканци (уште од кога републиката беше во пламен), интересот за дворски монархистички сапуници не може да ни биде помал.

Затоа, дур сме кај овие ликови, да потсетиме како Бил Бур ја опра Опра, која демек не можеше да се изначуди што сè Ленс Армстронг бил спремен да направи за да успее, потсетувајќи што па таа има сè правено пред да стане кралица на етерот. Пазете го и Конан како почнува да се распаѓа од смеење кога Бур ќе почне за Опра и џуџињата. 

11 март 2021 - 13:23