Како да избегнеш средно седиште во авион?

Со паѓањето на цените на авионскиот превоз, стандардите на таквото патување паднаа на ниво на „превоз на аргати“, од пинцурски седишта па до услуга. Последен пат кога прашавме што вино имаат, стјуардеса на Визер ни кажа дека имаат “ПРОЦЕСО“! (ваљда имаа Просеко, ама не фала, се префрливме на пиво). Дечково нашол хак како да се избегне убедливо најлошата варијанта, да седиш на средина.

Ги зафаќаш сите слободни средни седишта со лажни имиња. Додека системот сфати дека се тоа непостоечки патници, таквите седишта ги смета за зафатени па ти нуди седиште кое не е во средина, меѓу две персони кои обожаваат да шират нозе или да ја потпираат главата на тебе, како да си им Санчо Панса.

20 ноември 2024 - 15:58