По сите правила не е убаво да удавиш новинар во река, ама... некогаш има некои што ако им дозволиш буквално на глава ќе ти се качат. Секоја чест за дечкото (не новинар) што истрпи сè во име на информирање на јавноста.
Новинарот кој известувал од поплавата во една северна индијска држава, решил да се качи на рамења на жителот на поплавената област, затоа што не сакал да си ги наводени алиштата. По емитувањето на репотажата, новинарот е отпуштен од работа.