Политичарот што си поверува сам на себе

Багват Ман, премиерот на 28-милионскиот Пунџаб, за да ги воодушеви своите симпатизери и да покаже дека е во ред водата во светата река Кали Беин, реши да се напие чаша вода директно од реката. Ене го сега во болница, како што објаснуваат од неговиот кабинет, не заради чашата вода, туку заради редовна проверка.

Ман е на „проверка“ во болница во соседната сојузна држава Делхи, каде бил итно однесен со воздушен превоз, откако почнал да се жали на остри болки во стомакот.

Посетата на реката не била идеја на Ман туку тој би поканет од еден од локалните законодавци да дојде по повод 22-годишнината од чистењето на реката, што тој го прифатил.

25 јули 2022 - 09:36