Роџер Стоун е од оние намазани политички капиталци кои со децении е во високата политика, како советник на Републиканците, лобист, соработник на Доналд Трамп и слично. Кога тој ја води играта, знаел да биде надмен, самоуверен и прилично брутален кон оние кои му стојат на патот.
Но, кога ќе дојде време тој да биде испрашуван во истрага, излегува еден друг човек. А истрагата ја води човек со кого порано имаат заедно работено, за меѓусебната пизма да биде поголема.
По седум обвиненија окoлу неговата улога во истрагата на Мулер (опструкција на правдата, лажни изјави и манипулирање со сведоcи), пред две недели Роџер Стоун беше осуден на 40 месеци затвор.