ММА кој прв нејќе

Како во златните денови на Информиборото, сега дури и од ММА борци се бара да се произнесат за војната Русија- Украина. Прашањето стигнува до 27 годишниот Брус Мичел. Како и 15-те противниците кои ги има победено, и новинарот кој го прашува сам си го бараше.  

Не одам јас никаде да војувам за тие проклети политичари. Ако дојде војна во мојот Арканзас, облекувам војнички чизми и ќе гинам за сè што сакам. Нема повлекување!

Ама за Аркансаз. Нема да одам преку мориња и планини за да војувам. Искрено, и не знам што точно се случува. Мислам дека никој точно не знае што се случува. Постои толку голема политичка корупција на таа тема, ги имате Бајден и син му, направија вагон пари, или користеа наши даночни пари за да уценуваат... Ако не направите вака, нема да ви дадам пари.... Овде дома воени ветерани ни спијат по улици, тој ќе им давал наши даночни пари на Украина... Многу корупција.

Се молам за сите луѓе што се таму, јас не одам да се тепам.

Брус Мичел,
27 години, 15 победи, 0 порази

 

6 март 2022 - 15:43