Марк Руте ние си го сакаме

„Колку повеќе ја „обојувате“ ЕУ во црно, толку повеќе ќе расте популарноста на личности како Путин“, нè опомена холандскиот амбасадор. Кабаетлии биле политичарите, дел од медиумите и невладиниот сектор „кои ја обвинуваат ЕУ за долгото чекање на земјава пред вратите на Унијата“ (а нема врска, нели?). Ај важи, светилник за европските вредности отсега ќе ни биде твојот премиер.

Холандски пратеник го прашува премиерот што мисли за книгата „Ковид 19: Големиот ресет“ на патријархот на Новиот светски поредок, Клаус Шваб од Светскиот економски форум.

Марк Руте му вика дека ја нема читано книгата.

Пратеникот му вади писмо со кое Руте не само што му се заблагагодарува на Шваб за испратената книга туку и дал мала рецензија за неа.

На нечитано.

31 мај 2023 - 15:21