Лосанџелескиот Зуко

Како што на времето како кој гневен идиот во протести ја кршеше прочуената скопска семкара, така во Лос Анџелес, штом слушнат дека полиција пак некаде пукала, веднаш се ограбува Кул Кикс. Продаваат патики.

Ова е последниот упад во дуќанот на авенија Мелроуз, по проверен рецепт. Прво џип се забива во излогот па почнува грабањето. Овојпат револтот (кој кај некои се смирува со крадење патики) бил предизвикан од претходно пукање на полицијата, неколку блока подалеку.

Во општиот грабеж во мај, од Кул Кикс била украдена стока од 500.000 долари. Еве како минува обичен ден таму, може ќе ви биде занимливо после 6-та минута.   

 

1 септември 2020 - 11:45