Касандра беше похардкор

Тревор Ноа го рецензира последниот ден на Демократската конвенција на која го одбраа Бајден за свој коњ во трката со Трамп. Пошто е анти-Трамп, Ноа не го мава Бајден за ниедна битна ствар (Украина, синот...) но, ај тоа на страна. Гледајте колку кринџ се тие нивни конвенции. Партиските ривали го воспеваат, се раскажуваат анегдоти за него, се вадат пријатели од детство, се наоѓаат деца кои Бајден ги научил да зборуваат, бабички на кои им зборел пола саат... И после Путин градел култ што се сликал гол на коњ.

Во една работа Тревор е баш во право: Трамп му учини услуга на Бајден што го постави на дното. Затоа што сега, и најмал знак на нормалност кај Бајден (на пример, ќе успее да склопи реченица), ќе се смета за голем успех.

Гледајте до крај, заебанцијата со мобилниот тарифен план на Бајден е одлична.

 

23 август 2020 - 12:11