Џим Кери за безрбетната холивудска публика

Како и многу други, Џим Кери се ужасна од стоечките овации за Вил Смит на доделувањето на Оскарите, и тоа откако стана и најсељачки го зашамара водителот. „Ако имаш право да викаш од публика ил ида мрчиш на Твитер, НЕМАШ право да се качиш на сцена и да зачукаш некого затоа што кажал збо-ро-ви.“

Кога водителката сугерираше дека инцидентот „ескалирал“, Кери ја прекина и потсети дека ништо не ескалирало туку дошло од нигде никаде, затоа што Вил Смит во себе има нешто што го фрустрира.

„Немам ништо против него, му посакувам сè најдобро, тој има направено одлични работи. Но да фрлиш ваква сенка на трудот и успехот на толку многу луѓе дојдени таму е многу себично.“

Бонус од Џо Роган:

 

 

30 март 2022 - 12:50