Боуви: Културата е гратис

Да се биде уметник е сигнал за некаква дисфункционалност, вели Дејви Боуви. Затоа што на човек не му треба култура, таа е екстра. Рационален човек треба да се најаде, размножи и преживее. Па сепак, благодарејќи на неговиот ирационален дел, не му е битно само да се најаде туку и од каква чинија ќе јаде.

Отсекогаш мислев дека да се биде уметник, на кој било начин, од каква било „природа“, е знак на некаква дисфункција... барем социјална дисфункција. Необично е да сакаш да го правиш тоа. Да се изразуваш себе баш на таков начин. Мислам дека има нешто налудничаво во тоа да сакаш да правиш уметност. Мислам дека нормален и рационален пристап кон животот е да се преживее, да се размножи, да се создаде заштитнички дом и топла, љубовна атмосфера за своето семејство, да им се обезбеди храна. Тоа е тоа! Сè друго е екстра. Целата култура е екстра. Културата, мислам, е гратис. Мораме само да јадеме. Не нѝ требаат шарени чинии или посебни столици, може јадењето да пројде и без нив. Но, ние инсистираме на тоа да направиме 1.000 различни типови столици, да имаме 15 различни видови чинии. Непотребно е, и è показател на ирационалниот дел на човекот. Треба да сме задоволни само што јадеме јајца. Не моите, се разбира.

 

26 јануари 2023 - 11:06