Денес на секој нов уред од типот на телевизор, таблет или слично, можеш да му кажеш да се изгаси за толку и толку време (или ако нема активност), пошто очекуваш во меѓувреме да заспиеш, додека нешто читаш или гледаш. Па да не гори џабе. Штета што таква можност немале оние пред времето на струјата, кога морале да читаат на свеќа? Не ги потценувајте.