За контекст: кариерата на Кеш во тие моменти е во стабилен пад а тој е до гуша заглавен во алкохол (Џек Даниелс, без мраз) и дрога (амфетамини, без електролити). Но, затоа веќе го има снимено албумот Фолсом Призон кој уште не е излезен па Кеш нема целосна идеја каков битен албум ќе испадне тоа.
Аудио записот е на Оусли Стенли - Мечката, саунд мајсторот на Грејтефул Дед. Верзијата ќе излезе на компилациски албум на песни кои тој ги има снимено. За Кокинскиот блуз Стенли има решено Џони Кеш да оди само на левиот канал а бендот (Tennessee Three) скроз на десниот, за слушателот да има чувство дека е во средина меѓу нив.