Ерик и Роби како Мирко и Славко

Оваа сцена од Last Waltz, апсолутно феноменалниот документарец на Мартин Скорсезе за концерното одјавување на The Band (веројатно најспремниот рокенрол организам на сите времиња) е позната како гитарскиот дуел меѓу Ерик Клептон и Роби Робертсон (драгоцен музичар кој почина деновиве на 80 годишна возраст). Само што не се работи за никаков дуел меѓу Ерик и Роби.

„Само што ја почнавме песната...“, објасни подоцна Робертсон, „...Ерик го свиреше своето воведно соло. Кога ќе го погледнете филмот, можете да видите дека каишот од гитарата му е некако извиткан и изгледа како да ќе се откачи во секој момент. Тоа и се случи. Едноставно се лизна, па гитарата почна да му паѓа, а кога такво нешто му се случува некому на сцена со тебе, твое е да го покриеш“.

И така Робертсон го презема солото и после така ја тераат цела песна, по едно крукче соло од секој од нив двајца. Не иде боље од ова.

***********

Омаж за Роби и неговата The Weight, од дружењето на Џими Пејџ, Џек Вајт и Еџ:

***********

Види и:

40 години од „Последниот валцер“ - прошталниот концерт на Д Бенд

 

 

12 август 2023 - 14:11