Да е здрав и жив
Да е здрав и жив Ѓорѓија
Од кога умре се изнаживеав
Мајка ми вели „ќерко покри се“
Татко ми вика „дај прибери се“
А душава ми врие, крвта блуд ми сонува
Врат, колено, папок – бакнеж посакува
Ова тело, овој здив
Во пранги железни беа заробени
Во стравови и гнев
Во завети ортодоксни
Дај допри ме, откорни ме
Олесни ме
Каков клетник беше о тој Ѓорѓија
Рака тешка – камен, душа тиранска
Го мразев како дише
Месо како прежива
Пијан дур ја пее онаа неговата:
„Црна се чума зададе
Там долу Македонија
Там долу Демир Капија“
Да е здрав и жив Ѓорѓија
Од кога умре се изнаживеав.
****